Царовска од Велес: Интензивно работиме на регулација на посебен закон за средно стручно образование со опфаќање на сите модели на стручно образование меѓу кои и Дуaланото образование
22.10.2020
Дуалното образование во ССОУ„Коле Неделковски“ во Велес дава резултати. Тоа на учениците од образовниот профил Техничар за производно машинство им нуди освен настава и практична примена на знаењата во машинската работилница исто така и изведување на пракса во две велешки компании. Моделот е добра практика, што го имаше образовниот процес што пред триесет години и кој функционираше во Македонија. Сега овој модел е дисиминиран со поддршка на Германската стопанска комора. Секако и тогаш и сега овој вид на образование дава резултати за што има се поголем број на заинтересирани ученици и нивни родители.
-Овој вид на образование во училница и директно на работно место во компанија го зголемува бројот на ученици кои се запишуваат и практикуваат оваков вид на дуално образование од една и од друга страна компаниите се повеќе ја препознаваат потребата да бидат во тесна комуникација со училиштата за да вложат во идниот кадар што треба да се вработи во нивните компании. Ваков тип на образование веќе имаме во седум општини, во седум училишта и во 12 компании во нашата држава. Резултатите се видливи и затоа ние како минситерство за образование и наука интензивно работиме на регулација на посебен закон за средно стручно образование со опфаќање на сите модели на стручно образование меѓу кои и Дуaланото образование ќе биде од моделите, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
Вкупно 220 ученици во државата посетуваат Дуално образование од кои 85 се запишани годинава и од нив 17 ученици се во Велес или 10 од нив се запишани во оваа учебна година. Тие денеска добија школски ранци и друг ученички прибор. Верувањата се дека овие ученици по завршување на средното дуално образование нема да чекаат на листите за вработување туку ќе бидат продуктивни работници на домашни и странски компании во државата.
-Компаниите вклучени во овој образовен процес „Брако“ и „Маркард“ интензивно инвестираат во дуалното стручно образование е добар показател и им го отвора патот на учениците за градење на понатамошна кариера во рамките на овие компании. Искористете ги сите можности што ви се укажуваат во компанијата, научете ја филозофијата на компанијата, навлезете во производствениот процес и стекнете практични знаења што потоа сигурно ќе ви го отворат патот за градење на вашите кариери во рамките на професијата што ја изучувате, им порача на учениците Патрик Мартенс, директор на Германската стопанска комора.
Освен задоволството што од соработката со училиштето, велешките компании, министерството за образование и наука како и со владата го искажа Мартенс задоволна од Дуалното образование е и диекторката на ССОУ„Коле Неделковски“ во кое годинава се запишани најголем број на ученици во општина Велес.
-Морам да го изразам моето задоволство што и покрај епидемијата на Ковид-19 и немањето на физичко присуство на настава во општината запишавме најголем број на ученици во прва година што укажува на фактот дека и учениците и родителите иднината ја гледаат во средното стручно образование. Нашето училиште водејќи се по насоките на министерството за образование и наука, на Бирото за образование, Центарот за стручно образование и сите релевантни фактори како и водејќи се по визијата и мисијата на училиштето обозможува и им овозможуваме на учениците да го направат вистинскиот избор да одберат„Средно што е вредно“, да одберат стручно образование. Се надевам дека нашата следна средба ќе биде во поинакви услови кога во целост ќе ги вратиме учениците во училините клупи, рече директорката Цветанка Ѓакова Панова.
Општина Велес исто така дава силна поддршка на овој модел на образование.
-Поттикнати пред две години од инвестицијата вредна 40.000 евра на Маркард во ова училиште општината одлучи да го поддржи проектот со над 50.000 евра за реконструкција на покривот и ПВЦ столаријата на Машинска работилница за да создадеме подобри услови иако капиталните трансфери се сеуште во надлежност на централната власт инвестиции , рече градоначалникот Коцевски.
Иднината е во средното стручно образование е во дуалното образование кое за компаниите ќе значи многу постручен и пообразован кадар и нема да има потреба од дополнително преквалификување за да ја зголемат продуктивноста и економичноста во своето работење. Учениците со стекнатите образование и вештини стануваат многу по конкурентни на пазарот на трудот, брзо вработување и по високи плати./У.Ј