Исто како вчера и денеска тројца починати од Ковид-19 на Инфективно одделени во велешка болница
22.10.2020
Осумдесет и девет годишен велешанец, според изјави на семејството лекуван од матичен лекар една недела дома со Парацетамол, почина доцна синоќа на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Коронавирусот беше фатален и по животот на уште двајца пациенти првиот на 65 годишна возраст и вториот на 79 години. Тие се од Градско.
На болничко лекување во инфективното одделение во моментов се 33 пациенти од кои 30 позитивно потврдени додека за тројца, што имаат симптоми на Ковид-19, се чекаат резултати од земен брис.
– Во изминатите десетт дена од Ковид-19 , во велешката болница починаа осум пациенти, Од нив пет се велешани, двајца од Градско и еден од Свети Николе, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.
Со потешка клиничка слика во моментов на одделението се и 12 пациенти кои се ставени на кислородна поддршка.Тоа значи дека имаат падната сатурација и отежнато дишење.
Починатиот велешанец е 19 жртва на Ковид-19 во велешко. /У.Ј