(Обновено) Петнаесет новозаразени велешани и еден починат во изминатите 24 часа во Велес
20.10.2020
Ова е втор пат за рок од четири дена бројката на новозаразени со коронавирус во Велес да е двоцифрена. Петнаесет новозаразени во изминатото деноноќие или двајца помалку од официјално објавените резултати во саботата, на 17 октомври, годинава.
Исто така, денеска почина шеесет и две годишната велешанка околу 13 часот на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Таа е 17 жртва на заразното заболување во велешко.
Состојбата со ширењето на инфективното заболување е се посериозна.
Според др Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес, денеска на Инфективното одделение има вкупно 41 пациент, од кои 38 се потврдено позитивни додека за тројца се чекаат резултати од земен брис но тие имаат симптоми на инфекција. Дванаесет пациенти се на кислородна поддршка. Од болничко лекување до вечерва треба да се испишани четири пациенти со по два негативни тетови на Ковид-19..
Бројот на активни случаи во велешко изнесува 108 лица./У.Ј