Велешки Црвен Крст организира хуманитарна акција и очекува одзив на граѓаните
15.10.2020
Општинската организација на Црвен крст во соработка со Жито Маркети ќе реализира хуманитарна акција по повод Денот и Неделата на борба против гладтта. Со мотото „Помислете и на нас“ Црвен Крст апелира до сите хумани граѓани, да ги пронајдат одбележаните места за донации во Жито Маркетите.
Станува збор за локации на маркетот кај градскиот пазар, до Гимназијата, во близина на Општина и Ване Жито.
На одбележаните места граѓаните ќе можат да остават прехрамбени производи по нивна желба, но по можност нерасипливи и со доволен рок на траење. Акцијата ќе трае од 16-ти до 22-ри октомври.
Собраните производи во вид на пакети ќе се донираат на социјално загрозени семејства, велат од Општинската организација на Црвен Крст за што однапред упатуваат благодарност до граѓаните донатори./С.А