Манасков: Во ООУ„Блаже Коневски“ има ученик со коронавирус, нема место за паника затоа што детето една недела не идеше на настава
15.10.2020
Дедото минатата седмица а внучето синоќа добило позитивен резултат на коронатест. Детето е ученик во паралелка од трето одделение во ООУ„Блаже Конески“ кое брои вкупно 32 ученици но согласно протоколот за работа во услови на Ковид-19 е дел од група од 16 ученици затоа што училиштето секоја паралелка ја поделило на два дела за физичко присуство на настава.
-Резултатот стигна вчера вечр во 22 часот и родителите веднаш ми се јавија и ме информираа. Особено сум им благодарен на нивната покажана висока свест затоа што тие и вчера вечер но и е минатата недела, веднаш штом стигна позитивниот резултат на дедото, за причината зошто ученикот нема да доаѓа на наставата со физичко присуствтво. Ученикот неделва не доаѓаше на настава. Од денеска во изолација се и останатите 15 соученици и наставничката која работи со нив. Утринава направена е дезинфекција на училницата, ходниците, тоалетите и влезот на училиштето. Центар за јавно здравје денеска ќе им ги издаде решенијата за самоизолација на сите 16 ученици од класот и на наставничката за што ќе бидам информиран дополнително. Јас веќе ги информирав Општина Велес и Министерството за образование, рече директорот Јованче Манасков.
Останатите 16 ученици и втората наставничка ќе продолжат со физичко присуство на наставата додека учениците и наставничката од истата паралелка од денеска се на онлајн настава.
-Би сакал да упатам апел, совесноста што ја покажаа родителите на ова дете или наш ученик, да ја покажат и сите останати родители доколку во нивните семејства се случи да се разболе член од Ковид-19“. Благодарен сум им на сите колеги, ученици и родители што покажаа интерес и што замолија во нивно име а и во мое да посакам брзо и лесно оздравување на ученикот и неговиот дедо, додаде Манасков.
Тој исто така, побара од учениците и нивните родители да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита и носат заштитни маски, редовно мијат раце, се дезинфицираат и ја одржуваат потребната физичка дистанца со што придонесуваат за лична како и за заштита на колективот.
Ова е прв случај на заболен ученик од коронавирус во основно училиште во Велес.
Сите останати ученици во паралелките продолжуваат со настава според насоките на Министерството за образование поточно со физичко или далечинско учење.
/У.Ј