Се раздвижи велешката „индустрија на лажни вести“, но засега е без “големите играчи“
14.04.2020
Во помали групи се собираат и се организираат за работа велешките автори на лажни вести кои од кампањата на актуелниот претседател и кандидат за втор претседателски мандат на САД, Доналд Трамп, очекуваат профит. Раздвиженоста е поголема во последните три недели, велат извори за Дума.мк.
Вчера околу пладне младо момче од Велес бараше дополнителни информации, во експозитура на банка во Велес, со кои документи треба да ја стави во функција својата сметка на која има прилив на финансиски средства, од САД, но неуспева да ги повлече. По разговорот со вработените шалтерски работници на банката рече дека не му се јасни дадените одговори и оти ќе дојде повторно откако од испраќачите на парите преку трансакциите ќе се информира за да може точно да објасни, во што е неговиот проблем.
Надвор, пред банката, се насмеа и избегна да одговори дали е дел од тим кој повторно работи на лажни вести во кампањата за еден од американските кандидати на претстојните на претстојните Претседателски избори во САД. Побара анонимност и не сакаше да даде повеќе информации.
Дел од „големите играчи“ во Велес,од времето на кампањата на Претседателските избори во САД, во 2016 година, минатата недела тврдеа дека овој пат се откажале. Сепак, деновиве, кога со нив разговаравме, проценија дека бизнисот наречен „лажни вести“ или „fake news„ овој пат нема да носи „крупна заработувачка“. Тврдеа дека плановите им ги пореметил Фејсбук. Строгите правила и нови мерки со кои социјалната мрежа им го открива идентитетот и ги блокира нивните лажни профили се најголемата препрека. Тие тврдеа: “Има и дополнителни правила на игра од страна на официјалните власти во САД“.
-Без LLS документ кој потврдува дека си правен субјект што може да реализира кампања на политичка партија на американскиот медиумски пазар не можеш да споделиш никаква вест на социјалната мрежа Фејсбук. А таа е најмоќна бидејќи нашето искуство од 2016 година покажа дека ние се обраќавме на 60 па и до 80 милиони јузери. Користењето на останатите социјални мрежи кои ги испитувавме изминатите месеци покажаа дека нудат можност за читаност од најмногу 3 милиони јузери. Тоа е минорно, не носи заработувачка. Но дека има групирање во градот и дека се формираат тимови, од кои дел почнаа со работа, тоа е точна вест, рекоа извори за Дума.мк.
На прашањето како сега во новонастаната состојба ќе работат лажните пишувачи на вести не одговорија конкретно но го спомнаа сервисот „Парлер“, формиран во 2018 година, со голем број на поддржувачи на Демократската партија чиј кандидат на претстојните избори е Џозеф Робинет „Џо“ Бајден
Сепак оваа мрежа овозможува пласирање на вести на 2,8 милиони јузери што за најголем дел од нив е премалку. Сепак дел од нив беа убедени дека ставиле во „игра“и други сервиси, мрежи, со помал број на јузери, преку кои велешките „fake news – автори“ ќе се обидат да дојдат до заработувачка се до денот на изборите во САД./У.Ј