Еден маж и три жени се новозаразени со Ковид-19, двајца пациенти итно пренесени на Инфективна клиника во Скопје
13.10.2020
Еден маж и три жени од Велес се новозаразени со коронавирус во последните 24 часа. Тие се на возраст од педесетина години. На епидемиолозите им рекле дека не знаат од каде е заразиле.
-Кластери веќе не можат да се дефинираат. Вирусот е широко распространет. Единствено што можеме да советуваме е да се применуваат мерките на заштита кои се состојат од задолжително носење на заштитна маска, често миење на рацете, употреба на дезинфекциони средства, граѓаните да не се групираат, рече др Билјана Трајкова епидемиолог на Центар за јавно здравје Велес.
-Вчера од Инфективно одделение на Општа болница Велес на Инфективна клиника во Скопје е пренесен еден пациент додека денеска поради влошена здравствена состојба се транспортирани уште двајца пациенти. Маж од Велес и жена од Свети Николе, соопшти др Весна Николовска Неделкова портпарол на болницата.
На велешкото инфективно одделение во моментов се лекуваат вкупно 35 пациенти од кои 32 се потврдено позитивни додека за тројца се чекаат резултати. Од нив 11 се велешани. Во велешко вкупно активни се 53 граѓани. Досега од вирусот се разболеа вкупно 385 граѓани.
Голем е бројот на асимптоматски случаи и тие веќе се не препознатливи, констатираа епидемиолозите на Центар за јавно здравје Велес.
Во изминатите 24 според евиденцијата на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје во Велес нема излекувани паценти.
Во градовите на вардарски плански регион има по двајца новозаболени во Кавадарци и во Свети Николе. За оздравени се регистрирани по еден во Кавадарци и во Неготино како и тројца пациенти од Свети Николе./У.Ј