Три тепачки, каснување од бездомно куче и засилени акциски контроли во сообраќајот за време на продолжениот празничен викенд
13.10.2020
Во саботата на 10 октомври тепачка е пријавена во Полициска канцеларија Демир Капија, од Г.Ч.(50) од Демир Капија кој пријавил дека околу 17.30 часот во Демир Капија бил физички нападнат од М.Ч.(41). Втората тепачка се случила во неделата на 11 Октомври, околу 10.30 часот, кога 35-годишен маж пријавил дека во дворот од семејната куќа во велешко село бил физички нападнат од неговиот брат Н.Ј.(45). Третата се случила вчера кога се тепале граѓани во село Раштани. Таму З.А.(60) од Велес околу 10 часот пријавил дека бил физички нападнат од Д.Р.(64).
– По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Секторот за внатрешни работи Велес за време на продолжението викенд регистрира и едно каснување од бездомно куче. Пријавата стигнала вчера, околу 17.00 часот, од А.Л.(32) од Велес дека на ул.„Нада Бутникошарева“ бил каснат од куче скитник.
Полицијата, исто така, информира дека пред вчерашната засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес во која изречени се вкупно 137 санкции, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола односно нерегистрирани возила, 29 за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци на мотоциклисти, три за возење под дејство на алкохол, кога изречени се 11 санкции за неносење заштитна маска спроведена била контрола и на 10 октомвр, во саботата, од 08:00 до 14:00 часот на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што, се регистрирани 20 прекршоци.
Од СВР Велес соопштија дека против овие возачи ке бидат поднесени соодветни пријави./С.А