Пијани возачи, возење на не регистрирани возила и без возачка дозвола како и моторциклисти на мотор без кациги
12.10.2020
Овие се најчестите прекршоци што денеска на шест локации во Велес ги санкционираа службените лица од сообраќајната полиција на СВР Велес. Тие за еден час констатираа и санкционираа 70 прекршоци во акциската контрола на Министерството за внатрешни работи во Велес. Вкупниот број на санкционирани прекршители како и висината на казните ќе бидат соопштени попладнево по завршување на акциската контрола.
– Најголем број се моторциклисти кои не носат заштитна кацига. Апелираме до граѓаните да носат заштитни кациги не за да ги избегнат казните туку за да им го спаси животот затоа што во многу несреќи ги олеснува здобиените повреди. Затоа носете заштитни кациги, апелираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Ангеловски најави дека акциските контроли од утре ќе ги продолжи Секторот за внатрешни работи Велес. Опфатени се сите градови на територијата на државата со цел да се воспостави ред во сообраќајот на улиците и патиштата.
-Граѓаните ги поздравуваат контролите, сакаат ред , безбедни патишта и улици и ни даваат комплетна поддршка на санкционирање на прекршителите на прописите и правилата. Апелирам до граѓаните на Велес, како и до сите граѓани на Република Северна Македонија, да ги почитуваме законите и прописите во сообраќајот и сите заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта во нашата држава, додаде портпаролот
На ниво на државата засилени акциските контроли се спроведуваат во изминатите дваесеттина дена кога биле изречени над 10 илјади казни. Најголем број се за пречекорена брзина, за не регистрирани возила, прекршоци што ги прават моторциклисти и други возила. /У.Ј