Официјално четири а неофицијално седум новозаразени велешани од Ковид-19
Објавено на 8 октомври, 2020 во 14:45
8.10.2020
Уште еден нов заразен велешанец, во меѓувреме од 11 часот до попладнево, регистрира Министерството за здравство и Институтиот за јавно здравје од коронавирус. Дума.мк дознава дека бројот е поголем затоа што до 16 часот биле регистрирани уште тројца или вкупно 7 велешани.
Послениве тројца заразени граѓани ќе влезат, најверојатно, во статистиката на утрешниот ден.
Во изминатите 24 часа има оздравено четворица велешани./У.Ј