Полицијата уапси тројца велешани за дрога
8.10.2020
Доцна синоќа, околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле Т.Ј.(26) од Велес затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од растението канабис сатива.
Т.Ј бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Триесет минути подоцна на автопатот Неготино – Демир Капија, полициски службеници од СВР Велес од слобода ги лишиле Х.Б.(44) и М.О.(34) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик.
И против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски./С.А