66 годишна жена сомнителна на Ковид -19 итно пренесена во ГОБ „8 Септември“
6.10.2020
Поради тешка општа состојба и сомнителна на Ковид-19, вчера вечер,пациентка од Инфективното одделение на Општа болница Велес е пренесена во ковид центарот на ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Таа е на 66 годишна возраст од село Каратманово во Општина Лозово.
На Инфективното одделение во велешка болница денеска се лекуваат три пациенти повеќе од вчера или вкупно 26 од кои 22 се потврдени за позитивни, 4 се сомнителни поточно се чекаат резултати од земен брис и од нив четворица се на кислородна поддршка.
Дванаесет пациенти се од Свети Николе, седум од Велес, четири од Кавадарци и три од Неготино.
Во изминатите 24 часа нема ни новозаразени ниту оздравени пациенти од коронавирус во велешко. Според објавените податоци на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје има вкупно 4 новозаразени во вардарски регион. Од нив тројца се од Свети Николе и еден од Неготино. За оздравени се евидентирани вкупно седум пациенти и тоа од Свети Николе четири, два од Кавадарци и еден од Неготино./У.Ј