По реизборот на претседател формиран и новиот Општински Комитет на ВМРО ДПМНЕ Велес
6.10.2020
По реизборот на Игор Здравковски за претседател за потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес е избран Марко Колев и за секретар Александар Каракачанов. Општинскиот комитет на партијата го сочинуваат Ордан Ристовски, Весна Атанасовска, Никола Наков, Нада Трајкова, Невенка Ѓошева, Маја Демирџиева, Менче Андреева, Елизабета Митревска, Бојан Смилевски, Тони Голубовиќ, Горан Стојанов, Томе Јаневски, Даниел Јаневски, Игор Стојанов, Горан Наунчев, Александар Јамалов, Александар Стојановски, Дејан Палашев, Ѓорѓина Ристовска, Снежана Бошевска, Весна Јакимовска, Весна Маркова, Дарко Димитриевски, Васко Гетов, Зоран Јаневски, Зоран Алексов и Благој Папазов.
-Целта на новиот состав на ОК Велес ќе биде како и до сега иста, а тоа значи Велес после претстојните локални избори и нашата победа, да го развиеме економски, инфраструктурно, да го издигнеме културно и практично да ги подобриме сите аспекти на живеење со што би ја вратиле довербата на граѓаните во институциите на системот, би овозможиле нова сигурна и стабилна иднина на сите граѓани и идни генерации велешани, пишува во соопштението претседателот Игор Здравковски.
Тој додава дека новиот состав треба да претставува една симбиоза од различни профили, ликови и чинители кои имаат заедничка цел.
-Преку овој состав верувам дека ќе го постигнеме посакуваниот ефект затоа што сите, без разлика на пол, националност или верска припадност сме засегнати од ова што се случува во градот. Нашиот град, како и Република Македонија, во последните четири години западнаа во една апатија, безидејност и состојба на криза на идентитетот кај граѓаните спротивно од нивната слободна волја, кои водени од бесмисленоста и немањето визија на властите својот спас го гледаат во другите држави. Овој тим има за цел првенствено да направи обединување околу прашањето и иднината на Велес, да ги согледа сите аспекти и недостатоци во функционирањето на властите и жестоко да ги критикува, како и да понуди решенија на проблемите, да понуди визија и обединување околу нашиот “ Папок на светот” – градот Велес, додава Здравковски.
Тој во соопштението за јавност напиша уште дека новиот состав на Општинскиот комитет го сочинуваат граѓани кои доаѓаат од различни урбани заедници, различни профили, граѓани кои се докажани во своите сфери на дејствување и граѓани кои цврсто биле решени преку обединување да ја постигнат целта за победа на наредните избори./У.Ј