Двајца судии на Основен суд Велес упатени судиската функција да ја извршуваат во судовите во Неготино и Кавадарци
6.10.2020
Одлуката ја донесе Судскиот совет на 22 септември, годинава. Поради зголемен обем на работа судовите во Кавадарци и во Неготино побарале и Судскиот совет одлучил двајца судии на велешкиот Основен суд да ја вршат функцијата во двата суда во регионот.
Прекршочниот судија Бојанчо Донев веќе е на работното место во Основен суд Неготино додека вториот судија, од граѓанскиот оддел на Основен суд Велес, има вложено жалба за која Врховен суд треба да се произнесе.
Од оваа причина Основен суд Велес сега работи со 14 судии и Претседател.
Како што дознава Дума.мк во Основен суд Велес веќе биле прераспределени предметите по кои постапувал судијата Бојанчо Донев на останатите судии за да се обезбеди запазување на законскиот рок на постапките. /У.Ј