(ФОТО) За десет дена безбедно ќе се мине под карпата „Цуцка“ на јужниот излез на Велес
3.10.2020
Алпинистите ангажирани од фирмата изведувач на градежите работи на санирање на карпата „Цуцка“ ги вршат последните поставувања на заштитната мрежа на највисоките делови под малите отвори на врвот во кои порано се наоѓаа гнездата на белоглавиот орел. Од страната на регионалниот пат Велес – Градско веќе се завршени сите градежни работи.
Долу, од самиот пат до висина од десеттина а некаде и комплетно, дваесеттина и повеќе метри, карпестиот масив е целосно заштитен со цементна обвивка, потоа следи заштитна метална ограда а има и делови од масивот што имаат целосна заштитна цементна обвивка. Меѓу нив,на еден дел ,каскадно нареден камен дел, како дополнителна заштита додека од спротивната страна на железничката пруга Скопје – Гевгелија изграден нов потпорен ѕид и поставена ограда .
Преку еден милион евра чини инвестицијата на државата само во санација на свлечиштето Цуцка во Велес и преку еден милион евра во изградба и санација на водоводни и канализциони линии во градот и населените места, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на „Цуцка“.
Министерот Бочварски и градоначалникот Аце Коцевски, денеска извршија увид во санација на свлечиште на регионалниот пат Велес – Градско како и изградба на водоснабдителниот систем за населените места Раштани и Бузалково.
Овој инфраструктурен проект е од огромно значење за жителите на Велес и сите што сообраќајат низ овој регионален пат бидејќи конечно ја решаваме безбедноста во овој дел, истакна министерот Бочварски.
-Санацијата на свлечиштето е во завршна фаза, за десетина дена ќе биде завршено. Потоа изведувачот до крај на овој месец ќе заврши со расчистување на локацијата и асфалтирање на оштетениот асфалт. Решаваме еден голем проблем за велешани, исто така го решаваме и проблемот со одроните на пругата на железничкиот Коридор 10. Тоа што сакам да потенцирам е дека во завршна фаза е проектирањето на регионалниот пат од Катланово до Велес за што во втората половина на месец октомври ќе распишеме тендер за рехабилитација, инвестиција од 2,8 милиони евра. Исто така до крај на овој месец ќе распишеме и тендер за рехабилитација и на регионалниот пат од Велес до Граско, инвестиција од 4 милиони евра. Така да ќе го рехабилитираме стариот пат од Катланово па се до Градско”, додаде Бочварски.
Градоначалникот Аце Коцевски ја потенцира подршката од централната власт во инвестирање на капитални проекти за градот и најави континуирана соработка со министерството за транспорт и врски.
-Со министерот ќе разговаравме за постапките за носење на детални урбанистички планови и други капитални проекти од инфарструктурано значење за градот и верувам дека ова е правиот начин како ќе ги решаваме сите работи. Извршивме увид во санација на свлечиштето и изградба на водоводот за Рашатни и Бузалково, многу значајни проекти за Велес и жителите на овие места. Од стручен аспект можам да истакнам дека санацијата е направена многу квалитетно, направено е кавење на карпите, поставени се заштитни мрежи за да не се дозволи паѓање на карпата и очекувам многу брзо комплетно да се заврши целиот овој проект. Продолжувме и понатаму да соработуваме со министерството и верувам дека и во наредниот период ќе имаме заеднички проекти за подобрување на условите за живот на нашите жители”, додаде Коцевски. .
Рехабилитацијата на „Цуцка“ ќе заврши пред проектираниот период.
Според министерот Бочварски изградба на водоводот за населените места Раштани и Бузалково, каде исто така со градоначалникот извршија увид во градежните работи , преставува капитален проект од суштинско значење за преку 1500 жители од овие населени места. Со него за прв пат се решава клучен проблем на жителите на овие две населени места за да се обезбедат пристојни услови за живот и да се спречи миграцијата.
Инвестицијата чини над 500 илјади евра за изградбата на водоводот. Министерот додаде дека двата проекти се од огромно значење како и дека ќе се продолжи со инвестиции секаде каде што е потребно./У.Ј