Возете велосипед, на пет локации во Велес поставени нови велосипедски станици
2.10.2020
Држачите за велосипеди, велешани, веќе ги користат на локациите пред зграда на Централен регистар, фонтана на плоштад С`рмаале, плато пред новата зграда на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, кај фонтаната „Авона”, кај ССОУ „Коле Неделковски” и пред административната зграда на Општина Велес.
Општината на овој начин ги мотивира велешани за што поголема употреба на велосипедот како превозно средство низ градските улици. Освен потребата од зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди исто така најавува зголемена изградба на велосипедски патеки, со што ќе им излезе во пресрет на велосипедистите.
Наскоро се најавува поставување на изработени велосипедски станици на уште седум локации низ централното градско подрачје кои исто така ќе имаат мотивирачка цел, особено за младите, да ги остават дома автомобилите и да возат велосипед.
Секако дека поддршка на иницијативата што помалку автомобили на градските улици се очекува и од по возрасните велешани./С.А