Тројца малолетници нападнале две малолетни девојчиња во Велес
Објавено на 1 октомври, 2020 во 13:30
1.10.2020
Нападот се случил пред спортска сала „Ѓемиџии“ вчера попладне околу 16:15 часот. Таму тројцата малолетници ги нападнале малолетните девојчиња.
Случајот во Полициската станица Велес го пријавил триесет и две годишниот Т.П. од Велес татко на едната и чичко на другата малолетничка.
Од Секотрот за внатрешни работи Велес соопштија дека работат на расчистување на нападот врз малолетните девојчиња./У.Ј