Двајца новозаразени и еден оздравен велешанец од коронавирус
Објавено на 27 септември, 2020 во 14:57
27.09. 2020
Во изминатите 24 часа новозаболени има и шест лица во Свети Николе. Од инфективното заболување, исто така, се излекувани еден велешанец и еден кавадарчанец од вардарски плански регион.
Според објавените податоци на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје во Велес од досега вкупно заболени 319, активни се 34 лица, во Кавадарци од 236, активни се 49 лица, во Свети Николе од 341, активни се 37лица и во Неготино од 53, активни се 6 лица (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)./У.Ј