За криење хероин вгаќи, велешанец заработи истрага и 30 дневен притвор
22.09.2020
Против 24 годишен велешанец Основното обвинителство Велес поведе истрага откако полицијата кај него пронашла хероин. Дрогата во топче од киндер јајце, осомничениот ја криел во долната облека.
Обвинителството соопшти:
„Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе.“
За осомничениот, е поведена истрага поради сомневање дека строрил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик“.
Јавното обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор до Основен суд Велес додека судија на претходна постапка го прифати предлогот на за определување мерка притвор во траење од 30 дена./У.Ј