Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kocevskipreskoronavooptina fin

21.09.2020
Вработен во Општина Велес и неговата мајка која е вработена во Градската библиотека „Гоце Делчев“ се без симптоми но неговиот татко и сопруг е заразен со Ковид-19. Тие се причина во самоизолација да бидат ставени тројца административни службеници на локалната самоуправа и уште толку или сите вработени во библиотеката во Велес.

Вработениот службеник во Општина Велес и неговата мајка, врабоена во библиотеката , се ставени во изолација од изминатата среда, по одлука на градоначалникоте на Велес, заедно со тројца колеги од канцеларијата на државниот службеник на општината. Неговите колеги одбиле да одат во самоизолација но ја почитуваат одлуката за изолација на градоначалникот Аце Коцевски. За да не се создадат услови за појава на нов, општина кластер во градот, особено поради безбедноста на вработените во општинската администрација и децата како и возрасните кои редовно земаат и враќаат книги во градската библиотека.

Превентивно, зградата на општината е дезинфицирана во четвртокот на 17 септември, иако според епидемиолошката анкета и ставот на лекарите од Центар за јавно здравје Велес како и дадените изјави на инфицираното лице не треба да се превземаат дополнителни мерки за заштита на администрацијата.

- Прво на вработениот службеник и на неговата мајка сакам да им посакам лесно да ја пребродат оваа криза и на крајот сите да излезат како победници живи и здрави. Но како поука за сите останати вработени ќе размислам какви мерки треба да се превземат затоа што сметам дека сите вработени во јавните установи , особено во општината, треба да имаат многу по високо ниво на здравствена култура од нивото кое го покажа вработениот во општината и вработената во библиотеката. Мојот став е дека веднаш штом дознале дека нивниот сопруг и татко има симптоми на Ковид-19 и му е земен брис најмалку што требало да направи е да ме извести мене, претпоставениот во библиотеката или било кј од раководителите во општината и да остане дома за да не претставува опасност за останатите додека да стигнат резултатите. Но според епидемиолозите за да се пренесе инфекција е потребно да се има подолг контакт од 15 минути на блиско растојание без носење на заштитна маска, рече градоначалникот Коцевски.

Тој додаде дека првично имало паника помеѓу општинската администрација и барање за целосно тестирање. Тоа не се реализирало затоа што епидемиолозите соопштиле дека нема да има ефект поради инкубацијата што трае помеѓу 7 до 10 денови како и анализата на Центарот за јавно здравје Велес која покажува дека 80% од заразените велешани се без симптоми на Ковид-19 што значи дека се носители на вирусот./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново