Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Prevalec fin

20.09.2020

Отворена канализација во суводолицата и покрај неа кокошки кои колваат, смрдеа што се шири наоколу и наезда од комарци што се вгнездила во подруми и катови од куќа чии ѕидови се сушат од прекумерна количина на вода. Тоа е гледката што не затекна четириесет дена по поплавата предизвикана од последното невреме во велешката населба Превалец.

PrevaleckukanaCambovi fin

Педесет и седум годишната Снежана Чамбова со сопругот сега живеат само во една соба на катот од куќата која беше најпогодена од водата што пред 40 дена надојде преку каналот и ги поплави. Таа се наоѓа веднаш до мостот во населбата. И во неа во преостанатите две соби живеат семејствата на останатите двајца браќа на сопругот. Освен што преживуваат од стечаен надомест Чамбови се без покуќнина но и без облека.

Cambova fin

-Ништо немаме, се однесе поројот. Освен фрижидер што ни донесоа се друго ни е потребно, кревети за спиење, покривачи, маса, столици, тепих, телевизор навистина се бидејќи немаме ниту облека. Доаѓа зима и незнам како ќе ја преживееме. Сопругот добива стечаен надомест и тоа е се. Еден отец дојде и ни помогна. Од тогаш до денеска немаме никаква друга помош. Јас имам скршеница на раката и не можам да работам. Тоа што имавме водата дел однесе или поплави и уништи, додаде Чамбова.

Prevaleckokoski fin

Неа ја загрижува и состојбата во која се наоѓа првиот кат од куќата како и подрумите во кои освен мем и влага во нив се вгнездиле и наезди од комарци. Чамбови се сопственици на само една од вкупно петте куќи кои се најпогодени од поплавата во населбата. Поднеле барање за надомест на штета од елементарна непогода но до денеска пари не добиле иако проценителите одамна си ја завршиле својата работа.

Исто како и кај семејството Горанчо Груев , градинар и овоштар, чија статика на новоизградената куќа освен што ја поплави и ја спаси самиот налет на огромната количина на вода која ископа дупка под потпорниот ѕид и истече во каналот. Така се спаси магацинскиот простор во подрумскиот дел полн со амбалажа за земјоделски производи но не и подготвените количини на јаболков оцет и фолиите со зеленчук.

Gruev fin

-Освен автомобилот во дворот, преку изградениот бетонски премин, се плашам и веќе не ги внесувам камионот со набран зеленчук и овошје. Врати и прозори не сме отвориле 40 дена поради смрдеата од отворената канализација во суводолицата од која не делат два метри. Во фолиите не остана ниту еден засаден корен. Чекаме да се исуши фасадата за да видиме дали и таа ќе покаже штета како подрумскиот дел во кои со сопругата и трите деца работевме неуморно и едвај успеавме да создадеме ред. Никој досега не ни помогна. Градоначалникот слушнав дека најавил но помош ни од општината ниту од државата не сме добиле, рече Груев.

Prevaleckanalizacija fin

Тој додаде дека пред да стигне есента потребно е да се расчисти внатрешноста на суводолицата за да се спречи евентуален втор порој на вода.
А во неа сеуште на дното се наоѓаат истурканите потпорни ѕидови од цемент на соседите од спротивната страна, ископаните цементни шахти, камења и отворените црева од канализација. Тие се наоѓаат пред носечки столбови на мост. Иста е гледката и од спротивната страна на мостот, веднаш до куќата на Чамбови.

Според градоначалникот Аце Коцевски токму тој истуркан цементен потпорен ѕид, долг околу 25 метри и висок неколку метри, во суводолица ги создава најголемите проблеми во ситуацијата. Претходната локална власт го легализирала заедно со објект на самиот брег.

Kocevski fin

-Службите во општината извршиле легализирање на работилницата што се наоѓа веднаш до мостот и регионалниот пат кој води кон Чашка иако од скиците се гледа дека дел од објектот е во коритото на потокот. Треба да испитам зошто тоа е направено, кој ја направил грешката. Освен што изградил нелегален објект и општината му го легализирала сега треба и оштета да му се плаќа бидејќи цел потпорен ѕид и објект е во поројницата и може да им направи штета на соседите од спротивната страна ако вода повторно дојде како и што се случи. Се работи за сериозен проблем и јас ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, рече Коцевски.

Prevalecodmostot fin

Градоначалникот додаде дека од понеделник очекува да дојдат професори од Градежен факултет од Скопје чие мислење ќе треба да придонесе за санирање на состојбите во потокот и со канализацијата додека за обештетувањето општината ќе им помогне со средства од буџетот а и државата ќе треба да го стори истото. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново