Велешанец лишен од слобода поради пронајдена бела прашкаста материја
Објавено на 18 септември, 2020 во 11:11
18.09.2020
Полициски службеници вчера вечер, околу 20:45 часот го лишиле од слобода Н.А.(28) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Н.А бил откриен од полицијата на ул.„Павел Шатев“ во Велес.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски./С.А