Дваесетгодишна велешанка подведувала дете на проституција
Објавено на 17 септември, 2020 во 15:09
16.09.2020
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „детска проституција“.
Во периодот од 4 до 13 јули годинава пријавената во повеќе наврати подведувала 15 годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес. Таа исто така го одземала паричниот износ што девојчето го добивало за сексуалните услуги што ги давало.
Н.Д била пријавена од девојчето, во саботата на 13 јули 2020 во СВР Велес по по што биле преземени мерки од полицијата против подведувачката./У.Ј