Професорката од Хемиското средно училиште само еднаш била на работа додека подолго време наставничката во основното „Васил Главинов“
17.09.2020
Два дена пред откриениот случај на заразен работник во основното училиште „Васил Главинов“ епидемиолозите од Центар за јавно здравје земале брис и го испратиле на анализа на професорка во ССОУ „Димитрија Чуповски“. Педесет и три годишната професорка само еднаш дошла на работа во училиштето.
-Професорката имала контакт со директорката и со дел од колегите. Резултатот од земениот брис е позитивен но таа е со лесна клиничка слика. Според информации на директорката на училиштето состанокот се одржал според протоколите за заштита од Ковид-19 и со почитување на мерки на претпазливост. Епидемиолошката анкета покажа дека нема потреба од ставање во изолација на други професори и вработени во училиштето, рече д-р Билјана Петрова епидемиолог на Центар за јавно здравје Велес.
Два дена подоцна, на 14 септември, била тестирана и четириесет и пет годишната наставничка од ООУ „Васил Главинов“. Нејзиниот резултат исто така бил позитивен и таа била со лесна клиничка слика. Но поради тоа што таму наставниците подолг временски период оделе на работа и имале меѓусебни контакти, еидемиолозите, препорачале освен домашно лекување за заболената, под секојдневен надзор на матичен лекар, во изолација да бидат ставени и 10 наставници од колективот.
-Епидемиолошките анкети покажаа дека е потребна изолација на 10 наставници поради секојдневни контакти со заболената наставничка. Исто така е испочитувано и барањето на директорот на институцијата, додаде д-р Трајкова.
Согласно новите протоколи на Министерството за здравство заболените како и наставниците во изолација ќе седат 10 дена дома. Доколку не се влоши здравствената состојба на заболените и не покажат симтоми изолираните ќе можат сите да се вратат на работните места./У.Ј