За неносење заштитна маска полицијата напиша 38 казни
Објавено на 17 септември, 2020 во 12:59
17.09.2020
Редовните контроли што ги спроведуваат полициските службеници покажуваат дека сеуште не е доволно подигната јавната свест на граѓаните за заштита од коронавирусот.
Во последните 24 часа во трите градови кои се дел од Секторот за внатрешни работи Велес за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe вкупно 38 лица.
Казна за неносиење на заштитна маска заработија 21 веленани, 11 кавадарчани и шест неготици./С.А