Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pozarMilkom fin

28.08.2020

Се запали, рано утринава,млекарницата „Милком“ во селово Ногаевци. Нема повредени работници.Пожарот се разгорел околу 5 часот кога бил пријавен во полициската станица и во Територијалната противпожарна единица во Велес.

Цели пет ипол часа девет пожарникари со 3 противпожарни возила од Велес и нивни колеги со едно противпожарно возило од Неготино интервенирале во гаснењето на пожарот. Пожарот е локализиран во 10 и 30 часот.

Според првичните информации површината што горела е голема. СВР Велес ја потврди информацијата и соопшти дека во моментов екипа прави увид на лице место. Резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините како и материјалната штета што ја предизвикал пожарот.

Ова е втор пожар што за неколку години се случува во овој производствен капацитет на млеко и млечни производи во село Ногаевци, кај Велес./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново