Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

velespanoramiodvisoko fin

26.08.2020
Двајца велешани со два негативни тестови на коронавирус се испишани вчера од Инфективното одделение на Општа болница Велес. Денеска нема оздравени кои заминале дома што значи дека бројот од 13 оздравени велешани се однесува на болни кои имале благи симтоми и се лекувале во домашни услови под надзор на матични лекари.

- На Инфективното одделение денеска се лекуваат 13 пациенти по вчерашниот прием на две пациентки, една позитивна и друга што чека резултат од земен брис на коронавирус, од Свети Николе. Од вкупниот број на лежечки пациенти осум се од Велес и пет од Свети Николе. Исто така тројца пациенти се на кислородна поддршка но во стабилна состојба, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Само еден нов случај на новозаразен од Ковид 19 денеска регистрира Министерството за здравство.

Оздравените 13 пациенти од Велес, во еден ден, го намали вкупниот број на активни случаи во градот од 38 на 25 лица./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново