Сообраќајна незгода на автопатот А1 Скопје – Велес, кај Башино Село
26.08.2020
Вчера, на делницата на автопатот А1 Скопје – Велес поточно на исклучокот од А1 кај с.Башино село случена е сообраќајна незгода во која автомобил со скопски регистарски таблици управуван од возачот Е.Ј. на возраст од 50 години , околу 18 часот, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во метална заштитна еластична ограда како и во метална канделабра за осветлување.
Возачот се здобил со телесни повреди.
На лице место помош му пружила екипа на Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес и го пренела повредениот Е.Ј во велешката болница.
По направени неопходни прегледи и снимања тим на лекари од Хирушкото одделение одлучил повредениот возач да биде препратен на Клинички центар во Скопје.
Увид на лице место по овластување на Јавен Обвинител извршила екипа на СВР Велес. Се очекува резултатите од увидот да ги утврдат причините за незгодата./У.Ј