Полицијата пишува казни, граѓаните не носат заштитни маски
Објавено на 13 август, 2020 во 15:45
13.08.2020
Секторот за внатрешни работи Велес, во изминатите 24 часа, казни вкупно 22 велешани за не носење на заштитна маска. Бројката на казнети е највисока во споредба со казните што ги напишале полицајците од полициските станици во Неготино и во Кавадарци.
Во последните 24 часа во Неготино за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 13 додека во Кавадарци седум граѓани.
Вкупно трите полициски станици за едно деноноќие казниле 42 лица./У.Ј