Средба Коцевски – Брнз: Вложување во иновативни проекти со примена на современи технологии
13.08.2020
Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз ja посети денеска Општина Велес и во разговор со домаќинот, градоначалникот Аце Коцевски разменија идеи за подобрување на долгогодишната соработка помеѓу општината и Амбасадата на САД во Северна Македонија.
„На средбата Коцевски ја информираше Брнз за состојбата во која се наоѓа велешката економија, предизвиците со кои Општина Велес се соочува поради актуелната ситуација со Ковид-19 кризата, како и за . проектите кои се од исклучително значење за подобрување на животот на велешани. Исто така на Амбасадорката и беа посочени како приоритетните проекти на општината за годинава така и за наредната 2021 година.
Теми на разговор, исто така, беа и предизвиците со кои се соочуваат општините, реформите на системот на локална самоуправа и продолжување на процесот на децентрализација на власта.
Амбасадорката Кејт Мари Брнз изрази загриженост во врска со штетите што ги предизвика невремето, од минатиот викенд, кое зафати делови од територијата на Општина Велес.
Особено внимание во разговорот се посвети на важноста од вложувањето на општината во и реализација на проекти кои се иновативни и кои вклучуваат современи технологии.
Исто така беше посочено долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката што САД ја дава преку Амбасадата на Општина Велес,“ информираа од Општина Велес./У.Ј