На Инфективно во велешка болница од Ковид 19 се лекуваат 16 пациенти, двајца се на кислородна поддршка
5.08.2020
Во изминатите 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, има регистрирано двајца новозаболени велешани од Ковид 19. Со нив вкупната бројка на заболени во општината изнесува 227 лица.
.Освен нив во вардарски регион има и еден новозаболен во Кавадарци и двајца во Свети Николе.
Според информациите на Институтот за јавно здравје во вкупно оздравените 113 денеска е регистриран и еден велешанец. Со него во Општина Велес има 192 оздравени пациенти додека починати се 13
Исто така во вардарски регион оздравени се и 10 пациенти од Свети Николе.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 16 пациенти од Ковид 19 од кои двајца се на кислородна поддршка.
– Четиринаесет пациенти се позитивни додека двајца се сомнителни. Со два негативни тестови од одделението е испишан еден велешанец. Лежечките пациенти се 10 од Свети Николе, 4 од Велес и 2 од Кавадарци ,рече д-р Весна Николова Неделковска, портпарол на Општа болница Велес./У.Ј