Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Faktornaslovna fin

4.08.2020

Велес повеќе не е град во кој доминира металната индустрија и воопшто индустријата како што било пред и во периодот на транзицијата. Велес и понатаму има силна компанија од областа на металната индустрија, но во локалната економија најсилно влијание има голем национален ланец супермаркети со седиште во Велес и три компании специјализирани за одгледување свињи кои лани заедно оствариле приход поголем од 28 милиони евра! Воедно најуспешната велешка компанија според учеството на профит во вкупниот приход е специјализирана за одгледување свињи! Нејзиниот профит е 39 отсто од приходот, пишува Фактор.мк.

Велешката економија лани имала 14 компании кои направиле профити поголеми од 200.000 евра. Три од нив имаат профит што е еднаков или поголем од еден милион евра. Од сите 14 друштва само две се странски компании, а дури 12 друштва се домашни и во нив сопственици се велешани. Меѓу најпрофитабилните лани биле еден голем ланец на супермаркети, две компании од металната индустрија, еден странски гигант – супортер на глобалната авто индустрија и верувале или не:дури три локални компании кои се занимаваат со одгледување на свињи и заработуваат солидно од дејноста.

Очекувано Жито ДООЕЛ е најуспешната велешка компанија лани. Ланецот супермаркети кој е распространет низ повеќе градови во земјава лани остварил приход од 55,12 милиони евра што е за 8 отсто подобар резултат од претходната година. Компанијата на Јованче Ѓошевски лани остварила профит од 1,9 милиони евра што е за 2 отсто подобро од 2018 година.

Втора најпрофитабилна компанија лани е металната индустрија Брако во која ко-сопственик е Кочо Анѓушев, најпознатиот бизнисмен – велешанец. Оваа „реинкарнирана“ велешка индустрија лани остварила приход од 23,5 милиони евра што е за 13 отсто послабо од претходната година. Добивката лани е иста како и во 2018 година и изнесува 1 милион евра. Брако е во косопственост на две компании: ФероИнвест и Тргофер.

Маркарт странската инвестиција која произвеедува електронска и електрична опрема за автомобилска индустрија остварила приход од 82 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од претходната година. Наспроти приходот, профитот паднал за 83 отсто и изнесува 1 милион евра.

Како работат најголемите одгледувачи на свињи?

Агриа Груп е најголемата домашна компанија за одгледување свињи. Лани оваа компанија остварила приход од 14,2 милиони евра и профит од 864.000 евра што е за 3 пати подобар резултат од 2018 година. Другата компанија на Перо Колевски е Овчеполка. Ова друштво за одгледување свињи лани оствари приход од 7,8 милиони евра што е за 8 отсто подобар резултат од 2018 година. Друштвото на Колевски лани остварило добивка од 863.000 евра што е за 2,7 пати подобар резултат од претходната година.

Третата и најмала компанија за одгледување свињи од Велес се вика Уни Агро. Тоа е семејна фирма на Дарко и Ненад Стојанови. Ова друштво лани остварило приход од 6,5 милиони евра што е за 46 отсто подобро од претходната година. Профитот изнесува 2,55 милиони евра. Тоа е 3,7 пати поголема добивка од 2018 година и овој резултат ја прави оваа најуспешна велешка компанија според параметарот профит како дел од вкупниот приход.

Ронтис компанијата специјализирана за производи од пластични маси. Тоа е друштво поседувано од странство кое лани оствари приход од 10,9 милиони евра што е за 11 отсто повеќе од претходната година. Профитот лани паднал за 663.000 евра што е за 12 отсто послаб резултат од претходната година.

Хемомак Пестициди е компанија специјализирана за трговија на големо со хемиски производи. Лани ова друштво остварило приход од 7,5 милиони евра и добивка од 839.000 евра. Оваа успешна велешка компанија е сопственост на Горан Јовановиќ.

Еве ги останатите најуспешни велешки компании:

tabelaekonomija fin

Предвемено од  Faktor.mk

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново