Непочитување на здравствени мерки и правила за Ковид 19 во две кафетерии во Велес
Објавено на 24 јули, 2020 во 17:14
24.07.2020
Во инспекциските надзори на угостителските објекти во Велес, Пазарната инспекција, констатирала состојби на непочитување на држење растојание од два метри од страна на посетителите во два кафе барови и им изрекла казни.
Доколку продолжат да не ги почитуваат заштитните мерки согласно член 205 и член 206 од Кривичниот закон инспекцијата ќе поднесе кривични пријави за загрозување на безбедноста на граѓаните.
Станува збор за два угостителски објекти поточно кафетерии во Велес за кои денеска инспекторите го информирале Општинскиот кризен штаб.
Контролите на Пазарната инспекција ќе продолжат и ќе ја следат состојбата како во овие така и во сите останати угостителски објекти на територијата на градот и општината./С.А