Коцевски: Во изминатите 14 дена состојбата со Ковид 19 во Велес е стабилна но, нема простор за опуштање
24.06.2020
Од почетокот на епидемијата со Ковид 19, до денеска, во велешко се вкупно заболени 209 граѓани и од нив 172 оздравеле, починати се 13 и како активни случаи се водат 24 сограѓани. Од активните случаи седум се лекуваат на Инфективно одделени во Општа болница Велес, 15 се лекуваат дома, еден е во затворот „Идризово“ и еден е на лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
-Доколку не дојде до некакви промени денска ќе биде објавено дека нема нови позитивни и четворица се оздравени од Ковид 19. Во велешка болница, на инфективното одделение, се лекуваат вкупно 18 пациени но освен четворица пациенти од Велес, се лекуваат и 10 од Свети Николе, двајца од Јаболчиште и по еден од Градско и од Кавадарци. Двајца од пациентите се наоѓаат на кислородна поддршка но сепак беше пренесено дека сите се во стабилна здравствена состојба. Од се ова и од тоа што се случуваше во изминатите две недели можам да кажам дека состојбата е добра и стабилна. Но тоа не значи дека има простор за опуштање затоа што гледате што се случи во Свети Николе. Кога Велес бевме во лоша состојба таму немаше ниту еден заболен за сега да биде еден од најзагрозените градови во државата, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Од 1 до 24 јули, годинава, полициската станица на СВР Велес издала 196 платни налози за неносење на заштитна маска и 265 платни налози за истиот прекршок издала сообраќајната полиција. На територијата на Општина Чашка се издадени 26 и на територија на Општина Градско се издадени 77 платни налози за неносење на заштитна маска.
Во изминатиот четиринаесетдневен период нема прекршување на заштитната мерка самоизолација. Градоначалникот овие податоците ги соопшти веднаш по одрѓувањето на седницата на Општинскиот кризен штаб./У.Ј