Возот од Кочани за Скопје, утрово излегол од шините кај станицата „Јане Сандански“
Објавено на 22 јули, 2020 во 17:28
22.07.2020
Со 25 патници, сите од Велес, утрово патничкиот воз од Кочани за Скопје излегол од шините и заринкал во треверците на железничката пруга Велес – Скопје. Тоа се случило некаде околу 8 часот пред станицата „Јане Сандански“.
За среќа нема повредени патници и железничари.
Возот не сообраќал со голема брзина. Според извори од ЈП „Македонски железници“ причина за излегувањето на возот била шина на линијата. Железото попуштило од топлото време.
Шест часа бил во прекин железничкиот сообраќај на главниот коридор во државата. Шината била променета и сообраќајот нормализиран околу 14 часот. /У.Ј