Едно новозаразено и едно оздравено лице од коронавирус во Велес, на инфективно одделение 16 лежечки пациенти
22.07.2020
Освен едно лице кое во Велес е новозаразено со Ковид 19 во последните 24 часа во деветте општини на вардарски плански регион се регистрирани и три новозаболени граѓани во Свети Николе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира исто така едно оздравено лице во Велес од вкупно 131 оздравени пациенти во државата. Нема други оздравени пациенти во вардарски плански регион.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес денеска се лекуваат 16 пациенти. Сите се со позитивен тест на коронавирус.
-Од ова одделение се испишани и пратени на домашно лекување, со два негативни теста, двајца жители на Горно Јаболчиште. Вчера исто така со два негативни теста на лекување дома се испратени тројца пациенти. Според денешната статистика повеќе од половина од лежечките пациенти се од Свети Николе. Последно примени од овој град се три жени на возраст од четириесетина години, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова./У.Ј