Тројца новопримени и двајца отпуштени од велешкото инфективно одделение
20.07.2020
Тројца нови пациенти се примени денеска и двајца пациенти, за време на викендот, се испишани од Инфективното одделение на Општа болница Велес. Сега таму се лекуваат вкупно 21 пациенти и само еден од нив очекува потврда од земен брис за коронавирус.
Најголем број, поточно 10, од пациентите се од Свети Николе, шест се од Велес , четири се од Горно Јаболчиште и еден од Градско.
Од вкупниот број на пациенти 13 се мажи и 8 се жени.
Потврда за најновите информации, дека вирусот мутира и ги напаѓа помладите лица, се 7 пациенти, на возраст од 21 до 40 години.
Четворица се на возраст од 41 до 50 години и двајца на возраст од 51 до 60 години.
Се уште има пациенти што се повозрасни од 61 година. Осум од пациентите на велешкото инфективно одделение се на возраст од 61 до 80 години.
Во изминатите 24 часа, не се регистрирани новозаболени велешани. Во вардарски плански регион како новозаразени се водат 3 лица од Свети Николе додека 1 лице за излекувано од Кавадарци./У.Ј