Затворени избирачките места, во Велес излезност 53,5% и во ИЕ број 3 од 57,41%
Објавено на 15 јули, 2020 во 20:12
15.07.2020
Претседателката на Општинската изборна комисија Велес, Лили Велковска соопшти дека точно навреме, во 21 часот, се затворени сите 84 избирачки места. Велковска соопшти дека денеска на вонредните Парламентарни избори 2020 правото на избор го искористиле вкупно 24.604 граѓани во општината што изнесува 53,5% од вкупно запишаните во Избирачкиот список.
Според изјавата на Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски во Изборната единица 3 денеска излегле и гласале 159.904 граѓани со право на глас поточно 57,41 отсто од вкупниот број на избирачи евидентирани во Избирачкиот список.
Ова се први избори во државата што се реализираат во вонредни услови, на епидемија со Ковид 19./У.Ј