Во Велес, до 13 часот, излезноста е 28,76% или нешто пониска од 31% во Чашка, Лозово и Свети Николе
15.07.2020
Oд запишаните вкупно 45.989 гласачи во Избирачкиот список на Општина Велес на вонредните Парламентарни избори 2020, што се одржуваат денеска, на 15 јули, до 13 часот излегле и гласале 28,76% избирачи. Тие гласаат на 83 избирачки места. Заменик претседателот на ОИК Велес, Никола Ѓоргиев рече:
-Сите избирачки места се навреме отворени и изборниот процес тече според утврдените правила и со почитување на мерките на заштита од Ковид 19. Нема прекршувања или пријавени инциденти во ОИК Велес.
Во соседната општина Лозово од запишани 1.997 граѓани на 9 избирачки места до 13 часот излегле и гласале 31% од граѓаните со право на глас, соопшти Претседателот на ОИК Ванчо Пешевски.
Според информации на претседателот на ОИК Чашка, Марјан Јовановски од вкупно запишани 6.101 граѓани кои гласаат на 30 избирачки места, до 13 часот правото на глас го оствариле 1.903 или 31,6% од граѓаните.
Во Свети Николе до 13 часот излегле и гласале 4.595 граѓани што е 31,1% од вкупниот број на граѓани со право на глас во општината гласи изјавата на Претседателот на ОИК, Јонче Стојанов.
И во услови на епидемија на Ковид 19 граѓаните излегуваат и гласаат.
Тие на избирачките места доаѓаат со заштитна маска и визири, дел носат нараквици, како и чекаат во ред на потребна дистанца. Но, нема долги редици и чекања./У.Ј.