Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sarmaale1 fin

14.07.2020

Телото на починатата Р.И (65) години го пронашла полициска екипа, помогната од пожарникарите од Територијалната протипожарна единица, денеска околу пладне.

Тие влегле во станот на жената што се наоѓа на ул: „ 8 Септември“ број 23 по пријава од соседите на неподнослива смрдеа што доаѓала од станот во зградата што велешани ја нарекуваат „свиларска“.

На лице место била повикана и екипа на Итна помош на Здравствен дом Велес.

-Телото на жената беше во распаѓање и немаше знаци на насилство. Почината е од природна смрт. Тоа го констатирав одговарајќи на повикот за итна помош, рече д-р Марјан Мишев.

Според соседите жената живеела сама и била болна.

Јавен Обвинител одлучил телото на починатата велешанка да биде предадено на семејството./У.Ј

Фото: Дума.мк - архива

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново