Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

10

10.07.2020

На 15 јули, граѓаните да излезат на гласање на предвремените парламентарни избори во мирна,чесна, фер и демократска атмосфера, апелираше на денешната прес конференција Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

– Ги повикувам да излезат на гласање и да го дадат својот глас на тие за кои сметаат дека ја заслужуваат нивната доверба,рече Коцевски.

Обраќајки им се на организаторите на предизборните кампањи на политичките партии кои имаат свои кандидатски листи Коцевски побара да ги почитуваат законските обврски и да го почитуваат изборниот молк.

-Посакувам изборите да поминат во фер и демократска атмосфера, затоа што тоа е многу важно за иднината на целата земја. Уверен сум дека Општинската Изборна Комисија успешно ќе ги спроведе изборите, ние како Општина сме подготвени да ги ставиме на располагање сите средства кои им се неопходно потребни,додаде Коцевски.

Исто така, градоначалникот, информираше дека од МВР вило испратено барање до Општина Велес за помош во обезбедување со автомобили со цел полициските службеници полесно да можат да го следат изборниот процес.

Коцески најави дека нема да одржува прес конференции се до завршувањето на изборниот процес./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново