Нови локации на шест избирачки места во Општина Велес
9.07.2020
На претстојните „Парламентарни избори 2020“, за потребите од реализирање на изборниот процес поточно гласање во поголеми и посоодветни простории во услови на справување со пандемијата „Ковид-19“, што ќе се одржи во среда, на 15 јуни, годинава, со решенија на Државната изборна комисија извршена е промена на неколку избирачки места во Општина Велес.
Според Општинската изборна комисија Велес промените се однесуваат на гласачките места:
1. Избирачките места 2144 и 2144/1 со решение на Државната изборна комисија од објектот на ЈКП Дервен во населба Тунел, се преместени во ООУ „Васил Главинов“ на ул: „Никола Карев“ број 2 – крак десно.
2. Избирачкото место 2176 со решение на Државната изборна комисија од канцеларија на Бирото за вработување е преместено во – Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост ул: „Петре Прличко“ број 34 – покрај објектот на Биро за вработување (десно).
3. Избирачкото место 2186 во село Кумарино со решение на Државната изборна комисија е преместено во Основно училиште во село Сојаклари.
4. Избирачкото место 2187 во село Дурутовец со решение на Државната изборна комисија е преместено од село Чалошево во село Дурутовец, на ул: „Лисец“ број 19 во приватен објект сопственост на Радица Додевска.
5. Избирачкото место 2207 во село Ораовец со решение на Државната изборна комисија е преместено од приватен објект во сопственост на Ангел Атанасков во приватен објект на Марија Јанкова.
Од ОИК Велес соопштија дека граѓаните, избирачките места односно листата може да ја најдат и на веб страницата на државната изборна комисија или на следниот линк: https://www.sec.mk/opisi-na-izbirachki-mesta-2020/