Апасиев од Велес: Гласот даден за мала партија како „Левица“ не е пропаднат глас
8.07.2020
Со оваа порака го започна денеска своето обраќање кон сограѓаните претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев во родниот град и притоа поттикнувајќи ги да не веруваат во пропаганда.
-Велес заедно со Штип се клучни за Изборната единица број 3. Сакам да ги охрабрам моите сограѓани како велешанец да не веруваат во пропагандата дека гласот даден за „Левица“ или за мала партија е пропаднат глас бидејќи математички од 300 000 гласачи треба да освоиме 8 000 за да влезе носителот на Листата со пратеници. Тоа не е не остварливо и ние веруваме дека сите носители на листа на Левица ќе влезат во Парламент и ќе имаме парламентарна група без која нема да може да се состави идната Влада. Програма ни е радикална, бидејќи сметаме дека благите реформи не се доволни, или тоа е вакцина за едно болно општество., кое е пред умирање и дека треба радикални зафати. Особено радикални реформи се во економската и правната област, кои се моторот на државата. Пред се имаме радикални зафати во економската и во правната програма, особено во антикорупција и антинепотизам како и во делот на данокот за луксуз на богатите кој е драстично прогресивен, наместо рамните даноци кои ги нудат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Апасиев.
Тој за економска програма на партијата рече дека е насочена кон работничката класа.
– Тука не се само работниците кои работат мануелен труд, тука дури и интелектуалците, лекарите, адвокатите, професорите и учителите кои живеат од својот труд. Ние предвидуваме оданочување на капиталот а не на трудот, како што е сега кога капиталистите и работниците плаќаат исто. Нашата програма предвидува богатите да плаќаат многу повеќе затоа што нашата е земја која е помеѓу топ трите во Европа по класна раслоеност, што значи дека дека во Македонија богатите стануваат се по богати, сиромашните се по посиромашни и ја снемува средната класа, која е столб на секое здраво општество. Нашите политики пред се се во прогресивна даночна реформа, додаде лидерот на „Левица“.
Носителот на листата со пратеници во Изборна единица „3“, Борислав Крмов, во своето обраќање кон гласачите го насочи кон помошта што како партијата планира ,институционално, да и ја стават на располагање на ранливите категории на граѓаните и на лицата со посебни потреби.
-Програмата на „Левица“ овозможува на родителите или старателите на лицата со посебни потреби пензија со 20 годишен стаж, без разлика на возраста. Потоа вработување на персонални асистенти што ќе бидат покриени од Министерството за труд и социјална политика, за секое семејство кое има лице со посебни потреби. Тие семејства кои имаат лица со посебни потреби да имаат предимство при добивањето на социјални станови. Имаме План за Национален фонд за кризи кој освен покривање на трошоците при кризи ќе ги покрива и потребите на семејствата кои имаат барем еден член со посебни потреби, рече Крмов.
Оваа политичка партија на претстојните Парламентарни избори го носи редниот број 4 на гласачкото ливче./У.Ј