Седуммина оздравени од Ковид 19 во Велес
8.07.2020
По неколку дневно континуирано евидентирање на новозаболени велешани , во последните 24 часа, нема сограѓани на листата на Министерството за здравство. Во денот кога Институтот за јавно здравје соопшти дека има 67 повеќе оздравени пациени – 230, од новозаболени – 163, во првите, оздравените се и 7 велешани.
Сепак ваквата состојбата се уште е сериозна и ни од далеку не треба да предизвика опуштање помеѓу граѓаните.
– Оздравените од коронавирус се од сограѓаните кои се лекувале во домашни услови, под надзор од матичните лекари. Од Инфективното одделение во изминатите 24 часа нема отпуштен пациен, рече портпаролката на Општа болница Велес, д-р Весна Николовска Неделкова.
На Инфективното одделение во велешка болница се лекуваат вкупно 17 пациенти со Ковид 19. Само еден нема потврден резултат иако е со симптоми на заразната болест.
На кислородна поддршка се наоѓа маж на 73 години од село Горно Јаболчиште. Од останатите пациенти, поголем број се млади на возраст од 22 до 40 години.
Во изминатото деноноќие во вардарски регион има 9 новозаболени во Свети Николе и еден во Кавадарци. На листата на оздравени освен 7 во Велес се наоѓаат и по двајца во Свети Николе и Неготино ./У.Ј