Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zaev i stopanstvenicite1

6.07.2020

Велес е главна трансферзала во државата и град на економијата, на животот и на работењето на фабричките погони кои полека почнаа да се враќаат, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање какви мерки и поволности нуди во изборната програма Коалицијата „Можеме“ за велешките фирми и стопанственици.

- Инвестиции имавме во изминатиот период, да не кажувам за големите фабрики кои што ги имаме во овој град со вработени над илјада граѓани. Една таква фабрика е во сопственост на мојот добар пријател и колега во Владата господинот Анѓушев кој е репрезент на велешкото и на македонското стопанство. Но во Велес имаме и други фабрики на кои што им се восхитуваме затоа што опстанаа и во време на кризата, даваат плати, се борат и во исто време растат и се унапредуваат со што и пркосат на кризата како и на борбата со конкуренцијата каде што сите се натпреваруваме,додаде Заев.

Тој најави за Велес уште поголемо внимание во периодот кој што престои,поради тоа што е европски, има одлична географска местоположба дури и на микро план во нашата земја но и на регионално ниво.

Zaevnagovornica fin

- Заедно со општината изработуваме доста проекти за нови инвестиции и производствени погони. Државата во наредниот период ќе го помогне стопанството со 600 милиони евра, директно, согласно законот за финансиска поддршка на инвестиции и тоа со 300 милиони евра домашни и уште толку од странските фондови што ги отвораме, како и преку Фондот за иновации и технолошки развој, ИПАРД, Министерство за економија и се што ни стои на располагање. Само стопанствениците да водат грижа за работниците, да даваат поголеми плати и да ја одржат својата профитабилност секако и конкурентност. Државата е тука да им биде сервис на сите. Верувам дека само преку раст и развој на приватната економија, на бизнисот имаме шанса на младите луѓе да им обезбедиме не само добри работни места туку тие да бидат и добро платени, да имаат избор за вработување и секако да продуцираме квалитетна и квалификувана работна сила за нашето стопанство, додаде Заев.

Според лидерот на СДСМ многу важни во наредниот четири годишен период ќе бидат и инвестициите во образованието, за наставиците и професорите, кои се многу значајни за произведувањето на квалификувана работна сила како и правната држава без која нема економија. Заев најави дека наредниот мандат, доколку ја добијат поддршката на граѓаните, ќе го посветат на работа дома, за подигнување на економскиот стандард, што ќе го овозможат среќни работници и напредок на економијата преку стопанството./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново