Две жени се новозаразени од Ковид-19 во изминатите 24 часа во велешко
17.06.2020
По една жена од село Горно Јаболчиште и од Долно Јаболчиште се новозаразени од коронавирус во изминатите 24 часа. Тие се внесени во статистиката на заболени то ја води Министерството за здравство. Тоа значи дека заразата освен во Велес почна да се шири и во населените места во општината.
Со денешните две жени вкупно 156 граѓани досега се заразени од инфективното заболување во Општина Велес.
Активни се 30 случаи а на домашно лекување се наоѓаат 14 сограѓани.
На Инфективното одделение во велешка болница се лекуваат 12 пациенти од Ковид-19, двајца пациенти се во Инфективната клиника во Скопје додека еден е во ГОБ „8 Септември“ и еден се наоѓа во државен карантин.
Заклучно со денеска од вкупно 156 заболени 115 се излекувани велешани./У.Ј