Здравковски: Доста ни е од политички, здравствени и економски кризи кои ги има секогаш кога СДСМ ја има власта, затоа слободно побарајте им аргументи! Тие ви ги должат одоговорите
17.06.2020
Кога ретроспективно ќе се погледне, за да сумира, работењето на актуелната власт, се се сведува на ништо. Ваква е оценката на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и констатацијата поради тоа што власта ништо не направи за Велес и велешани.
-Повеќе од очигледно е она што веќе трета година го гледаме, а тоа е нивната неспособност и негрижа за граѓаните олицетворена и во управувањето на нивните локални функционери кои за жал освен празни зборови, лаги и ветувања не донесоа ниту една капитална инвестиција во Велес и не реализираа ниту еден капитален проект. Не знам како и со кое лице тие ќе излезат пред Вас и повторно ќе браат поддршка. Но кога ќе дојдат да ве убедуваат дека го заслужуваат вашиот глас побарајте им неколку аргументи зошто да гласате за нив. Кога ќе дојдат да го бараат вашиот глас прашајте ги: до каде е катната гаража во центарот на Велес, до каде е гасификацијата на Велес, до каде е изградбата на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во Велес, каде се енергетско – ефикасните покриви во детските градинки и училиштата, каде е трговско-деловниот објект „Градски саат“, каде е затворениот базен за пливање?Прашајте ги што реализираа од нивниот План за живот и што направија за вас како граѓани, рече Здравковски на денешната прес конференција.
Тој во ветените и не остварени инфраструктурни проекти на власта ги наброја уште изградбата на автопатот Велес-Прилеп-Битола- Меџитлија, реконструкциите на регионалниот пат Велес- Богомила и стариот пат Велес – Градско, соларните железнички станици и реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 10 и 10д (Велес, Чашка, Богомила)
-Мои велешани, парадоксот на нивните уверувања и убедувања е во тоа што тие сакаат да мислите дека сме исти и не можат да се помират со вистината дека ние се разликуваме. Нив ги боли тоа што ова ВМРО-ДПМНЕ е различно со СДСМ. Ние тоа сме го докажале и покажале, а сега уште посилно ќе го покажеме, додаде Здравковски.
Денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес ја одржа на денот кога опозициската партија го одбележува јубилејниот триесети роденден. /У.Ј