Возовите низ центарот на Велес минат без спуштени безбедносни рампи, светлосни и звучни сигнали
11.06.2020
Не функционира системот за безбедност, во центарот на градот, на железничката пруга Скопје – Гевгелија. Возовите денеска минат додека рампите не се спуштени и не работи звучниот и светлосен систем за предупредување. Овие информации ги пишуваат во инбох, на фан пејџот на Дума.мк ,загрижени граѓани кои бараат итно и неодложно да се интервенира од страна на ЈП „Македонски железници“.
Опасноста ги демне како граѓаните пешаци така и возачите кои минат преку железничките премини на двата моста во Велес, „Гемиџии“ и „Стар Мост“. Иста е состојбата и на уште два премини преку кои мора да се мине за да се влезе во населбата „Дворови“, во центарот на градот.
Иако возовите сообраќаат со намалена брзина и вклучуваат сирени граѓаните бараат помош како од Македонски железници така и од полицијата. Тие сметаат дека до отстранувањето на проблемот потребно е физичко обезбедување кое ќе предупредува и тоа особено помладите сограѓани кои возејќи мотори и велосипеди минеле на само неколку метри од доаѓањето на возовите./У.Ј
Фото: читатели на Дума.мк