Полицијата лишила од слобода триесет и три годишник кој пукал во старица
Објавено на 9 јуни, 2020 во 14:18
9.06.2020
Полицајци на СВР Велес го лишиле од слобода Б.Л.(33), бидејќи синоќа околу 22.00 часот во село Манастирец, по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон С.М.(81), при што ѝ нанел повреди.
– По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./А.С