Еден починат, еден новозаболен и еден оздравен од ковид 19 во Велес
29.05.2020
82 годишен пациент од Велес кој првично се лекувал на Инфективното одделение во велешка болница а потоа на 22 мај поради компликации на здравствената состојба е пренесен на Инфективната клиника во Скопје е десетата жртва од коронавирусот во Велес. Во изминатите 24 часа новозаразен е еден и оздравен еден велешанец.
Според Институтот за јавно здравје во државата регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19. Најголем број во Скопје – 26, во Тетово – 9, во Штип – 7, во Куманово – 6, во Струга 2 и по еден во Велес и во Кочани.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби освен велешанецот починат е и пациент од Скопје на 73 години , додека во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 76 години и пациентка од Тетово на 55 години . .
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти .
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487./У.Ј